Бијонсе видно ослабена за снимањето на новиот спот

31 август 2013

Пред само два дена на Кони островот во Бруклин, познатата поп дива Бијонсе го снимаше својот најнов спот, забавувајќи се со своите обожаватели- статисти, а меѓу нив беа и манекенките Џордан Дан и Џесика Вајт.

Веднаш по објавувањето на фотографиите светските медиуми почнаа да пишуваат за изгледот на пејачката и тоа дека напорната турнеја што се уште трае ја довела до фит форма каква што досега Бијонсе не ја имала. Нејзините нозе се со значително намалени облини, а токму поради тоа таа ги истакна во цигара фармерки во комбиција со чизми на висока потпетица од Прада, кои се моментален хит и чинат 1100 долари. Инаку, за време на снимањето Бијонсе позираше пред објективот на славниот фотограф Тери Ричардсон.

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Сцена