Бил Муреј ќе биде последниот гостин на Дејвид Летерман

15 мај 2015

david-letterman-800

Во април годинава легендарниот Дејвид Летерман домаќинот на Late Show with David Letterman, или во народот попознато како Late Nighst Show, објави дека ќе се пензионира, а сега е познато кој ќе биде неговиот последен гостин следната среда.

Честа да го затвори ова шоу ќе ја има актерот Бил Муреј. Имено, Муреј беше и првиот гостин на Летерман на 30-ти август 1993 година, а последното гостување на актерот ќе биде воедно и неговото 44-то во оваа емисија.

Дејвид и Бил во првата емисија во 1993 година Дејвид и Бил во првата емисија во 1993 година

Том Хенкс пак, кој ќе го одбележи своето 60-то интервју со Летерман (сметајќи од 1984 година, па наваму), ќе ја надополни оваа недела на славење со посебна епизода во чест на водителот и шоуто, која ќе биде исполнета со изненадувања, моменти за паметење, финална Топ 10 листа и уште многу други нешта...

Својата почит кон Летерман ќе ја искажат и Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Барак Обама, Сара Џесика Паркер, Били Кристал, Алек Болдвин, Тина Феј, Скарлет Јохансон, Џон Траволта, Брус Вилис...

Со 33-годишното искуство, Летерман (68) го држи рекордот за најдолгото late-night шоу во историјата. Во текот на кариерата освои 13 Емија.

Во август неговото место ќе го заземе Стефен Колберт.

Објавено:
15 мај 2015
Категорија: 
Сцена