Блу Ајви ја сака модата колку и мајка ѝ

8 април 2015

За тоа колку Бијонсе е посветена на модата и нејзините комбинации кога се појавува во јавност, нема потреба да се зборува. Доказ за тоа се бројните соработки со речиси сите познати дизајнери, како и лансирање на нејзина модна линија.

Но, по сè изгледа дека таа љубов ѝ ја пренела и на малата Блу Ајви. Иако не практикува често да ги постира нејзините фотографии на социјалните мрежи, од она што досега Бијонсе ни дозволи да го видиме од нејзината ќерка, несомнено е дека Блу Ајви сака да биде како мама.

А која ќерка не?

Во продолжение погледнете ги комбинациите на наследничката на Џеј Зи и Бијонсе.

Објавено:
8 април 2015
Категорија: 
Сцена