Бразилската дизајнерка Барбара Касарола го освојува црвениот килим

4 септември 2013

Кај нас сеуште не е многу позната, но низ светот има голем број на фанови. Нејзините дизајни се мошне популарни  а, ги носат модни икони како Гвинет Палтроу па се до индиската убавица Сонам Капор.

 

Барбара Касарола

 

Барбара Касарола е едно од имињата кое се наоѓа на листата млади креативни модни дизајнери кои минатата година имаа свое претставување на Milano Unica. Барбара и покрај фактот што е Бразилка сепак своите први чекори кон модниот свет ги прави на италијанско тло. Младата дизајнерка своето образование го надгради во Марангони во Милано и после дипломирањето, Кавали ја избра да работи за него, каде остана цели две години да го пече занаетот, пред да ја лансира сопствената линија.

 

модел од колекцијата есен-зима 2013/14 на Барбара Касарола

 

Барбара Касарола е родена 1984 година, во Бразил. Таа од 2012 година започнува со креирање на сопствена колекција која се состои од фустани и комплети кои пленат со едноставност и женственост како во изработката на кроевите така и во изборот на боите. Успеа да стане дел од фокусот на модниот свет благодарение на Франческа Кавалин која на 70-тото по ред филмско издание на фестивалот во Венеција на црвениот килим се појави во креација на Касарола.

 

Франческа Кавалин во модел на Барбара Касарола на Филмскиот Фестивал во Венеција

 

Објавено:
4 септември 2013
Категорија: 
Сцена