Бројни модни ѕвезди во блескави изданија на годинешните Fashion Media Awards

6 септември 2014

Од минатата година, за време на њујоршката модна недела започна и традиционалното доделување на модните награди за највлијателните луѓе во модната индустрија, организирани од страна на магазинот The Daily Front Row.

Како и минатата година, така и оваа, на доделувањето на наградите се собра елитата на модната индустрија, каде некои од највлијателните и најмоќните луѓе во модната индутрија беа почестени со награди од магазинот.

Најголем впечаток на доделувањето на модните награди дефинитивно остави Наоми Кембел, која иако не се појави на црвениот килим, привлече доволно внимание кога се појави во салата.

Daily+Front+Row+Second+Annual+Fashion+Media+omEPh9JwCnYl

Овојпат таа изгледаше неверојатно секси со кратката, црна перика и со ултра кусо футуристичко здолниште и горен дел во ист стил каде градите и беа покриени само со мало црно парче материјал. Прекрасната Наоми која се чини дека никогаш не старее, дома си замина со наградата за највлијателно ТВ лице на годината.

Daily+Front+Row+Second+Annual+Fashion+Media+yeDBoqQwSsFl

Нејзината вистинска конкуренција на вечерта беше Алесандра Амбросио која изгледаше подеднакво добро во неверојатно кусо светкаво здолниште со супер длабоко деколте, со кое мамеше погледи во текот на целата вечер.4

article-2745812-211ACC2200000578-253_634x1098

Очигледно, годинешното доделување на наградите беше вечер на кусите фустанчиња, па во едно такво се појави и 22 годишната сексапилна актерка и манекенка Кејт Аптон кога се појави на сцената да ја подигне наградата.

article-2745812-2119CBE700000578-985_306x782

Дел од ѕвездите кои се појавија на вчерашното доделување на модните награди беа и дизајнерот Том Форд, уникатната Карин Ројтфилд, неверојатната и секогаш прекрасна Кристи Тарлингтон, како и новите надежи во модната индустрија, моделите Коко Роша, Кендал Џенер, Џесика Харт и прекрасната и секогаш харизматична – актерката Клер Дејнс.

Објавено:
6 септември 2014
Категорија: 
Сцена