Јубилејното 70-то издание на култниот Кански филмски фестивал, започна вчера. Со, досега, највисоки мерки на безбедност, карактеристичниот отворен дух на фестивалот и оваа година ќе биде присутен и тоа најмногу преку филмовите, кои се вистинско и реално огледало на денешницата.

На свечената церемонија, чиј домаќин годинава е Моника Белучи, фестивалот официјално е отворен со проекцијата на францускиот филм „Духовите на Исмаил“.

Белучи на сцената се појави во гламурозна тегет тоалета од модната куќа „Диор“, специјално направена за неа. Друштво ѝ правеше комичарот Алекс Луц, а прекрасната актерка покажа уште еднаш дека знае како да го задржи вниманието на публиката и јавноста. Уште на самиот старт ги шокираше сите присутни, страстно бакнувајќи го својот партнер на сцената.

 Со тоа на некој начин направи пародија на секси сцените, кои често ги имала во текот на кариерата.

Откако измами насмевки кај публиката, Белучи го врати свечениот и посериозен тон, повикувајќи го на сцената и годинашниот претседател на жирито, познатиот режисер Педро Алмодовар.

Педро Алмодовар

-Се надевам дека темите што јас ги сметам за важни, полни и плодни, ќе бидат на добар начин претставени во програмата и тоа може да влијае на мојот избор. Во жирито, сите сме различни и нашата задача е да ги погледнеме филмовите, и врз основа на нивниот уметнички квалитет да оцениме кој е најдобар – изјави Алмадовар.

А со него ќе одлучуваат и Вил Смит (САД), Џесика Честен (САД), Ањес Жауи (Франција), Фан Бингбинг (Кина), како и режисерите Паоло Сорентино (Италија), Марен Аде (Германија), Парк Чан Вок (Јужна Кореја) и француско-либанскиот композитор Габриел Јаред.

За престижната награда „Златна палма“ оваа година ќе се натпреваруваат 19 филмови, а повеќе за тоа можете да прочитате ОВДЕ.

Кога е црвениот килим во прашање, ако на првиот Кански фестивал меѓу најпознатите ѕвезди беше Гари Купер, оваа година ги видовме Марион Котијар, Џулијан Мур, Сузан Сарандон, Ел Фенинг, а се очекува во наредните денови да се појават и Никол Кидман, Колин Фарел и уште многу други.

Ева Херцигова

Ел Фенинг и Сузан Сарандон

Она што секогаш привлекува уште повеќе внимание е и присуството на познатите манекенки на црвениот килим во Кан. Иако веројатно повеќето од вас се прашуваат зошто се тие таму и не можат да смислат добра причина, сепак за жал (или затоа што така треба), сето медиумско внимание е свртено кон нив.

Бела Хадид е главна тема во светските медиуми со провокативниот фустан, под кој ја видовме и долната облека. Инаку, таа на црвениот килим пристигна во друштво на нејзиниот татко, а и двајцата го искористија времето до официјалниот почеток за сладолед, што медиумите го најдоа како мошне интересно.

Бела и Мухамед Хадид

Емили Ратајковски остана доследна на својот максимално провокативен стил, во слична боја како фустанот на Хадид. Многумина го споредија ова нејзино издание со минатогодишното на Бела.

 

И Хејли Бодлвин беше меѓу присутните, а одбра сина тоалета од модната куќа „Twinset“.

 

На црвениот килим се појавија и Ева Херцигова, Наоми Харис, Ума Турман...

Ума Турман

Ел Фенинг во креација на Вивиен Вествуд

Ќерката на Џони Деп, Лили Роуз, исто така го сврте вниамнието на медиумите, но не толку поради модниот избор, колку поради тоа што беше во друштво на израелскиот режисер Асгар Фархади, кој не можеше да присуствува на Оскарите и да ја подигне наградата за најдобар филм од странско говорно подрачје. Причината лежеше во забраната на Трамп за излегување и влегување во САД на бегалци и лица од најголемите „муслимански“ држави.

Два месеца подоцна, тој ја прими неговата награда за филмот „The Salesman“, а минатата година во Кан ја освои наградата за најдобар актер.

-Кан е местото каде различните култури зборуваат и се разбираат меѓусебе – изјави Фархади вчера.

Канскиот филмски фестивал ќе трае до 24-ти мај, а уште од своите почетоци (после Втората светска војна), се наметна како еден од највлијателните филмски фестивали на светот, со најголем бизнис пазар и најголемо културно и економско влијание. Некои и го нарекуваа и фестивал за „снобови и богати“, но 70 години оваа манифестација успева да го сочува своето реноме.

 

извор: „Дејли Мејл“, „Мирор“, „Пипл“

Објавено:
18 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
998 пати