Познатата актерка Џејн Фонда, која во декември ќе го прослави 80-тиот роденден, ја смени фризурата.
Јавноста долги години ја знае како русокоса, но сега го смени изгледот, така што има црвена боја на коса.
Реакциите на промената се различни, од тие дека одлично ѝ прилега, до оние што го мислат токму спротивното.
Како и да е, вистината е дека се работи за перика и дека актерката го менува изгледот само за потребите на новото остварување.
Се работи за комедија, инспирирана од хитот „50 нијанси на сива“. Снимањето во моментов се одвива во Њујорк. Филмот носи наслов „Book Club“, за четири пријателки чии животи драстично се менуваат откако ќе го прочитаат еротскиот роман „50 нијанси на сива“. Премиерата се очекува да биде следната година, а покрај Фонда, во осварувањето се појавуваат и Мери Стинбурген и Кендис Берген, како и Дајан Китон.
Со оглед на актерската екипа, а и темата, ова ќе биде еден од најочекуваните комедии следната година.