Актерката Џенифер Гарнер во понеделникот доби своја ѕвезда на Патеката на славните. Во друштво на трите деца кои ги доби во бракот со Бен Афлек, Вајлолет (12), Серафина (9) и Семјуел (6), како и родителите Патриција и Вилијам Гарнер и сестрите Мелиса и Сузан, актерката го сподели среќниот момент.
Инаку, претходно за магазинот „Southern Living“ направи отстапка и се согласи да се фотографира со своите родители на нивниот имот во Оклахома, што претставуваше вистинска ексклузива.
На овој голем ден за неа, присуствуваа и колегите Стив Карел, Брајан Кранстон и Џуди Грир. Џенифер и Џуди се запознаваат првпат на снимањето на филмот „13 going on 30“ во 2004 година, а со оглед дека оттогаш се пријателки, актерката не ги штедеше убавите зборови.
„Пред 15 години, некој ми плати да бидам најдобар пријател на Џенифер Гарнер. Во Холивуд е речиси невозможно по завршувањето на работата да останеш во контакт со луѓето со кои си соработувал, сè се одвива брзо, се зближуваш, но потоа се случува реален живот...
Но, од моментот кога ја запознав Џенифер, на нашата прва проба за филмот, знаев дека не сакам да ни се случи тоа. Таа е прекрасна личност, најлојалниот пријател кој можете да го имате, неверојатна мајка, супер готвач, аматер во фармерството. Џенифер е неверојатно убаво, но во исто време и исклучително паметна. И иако ми платија сите тие години да бидам нејзин најдобар пријател, среќна сум што навистина сум тоа, секој ден и тоа бесплатно“, се пошегува на крајот Џуди.
Џенифер емотивно го доживеа нејзиниот говор, како и севкупното случување, на кое изгледаше прекрасно. Во тегет креација на „Диор“, дискретна шминка и накит, со фризура собрана на едната страна, 46-годишната актерка изгледаше како вистинска дама.
Погледнете:
фото извор: popsugar.com; dailymail.co.uk;