Таа е дефинитивно една од светските ѕвезди кои едноставно зрачат со сексапил. Во последната фотосесија за насловната на магазинот Complex, латино дивата Џенифер Лопез изгледа подобро од кога и да е во неколку провокативни комбинации.
Ѕвездата на филмот The Boy Next Door покрај одличната фотосесија за магазинот, во интервјуто говори и за коментарите за нејзината провокативна улога во филмот.
„Зошто не ми е дозволено да бидам секси? Затоа што сум мајка!? Па како мислите дека воопшто сум ги добила моите деца?“, вели 45 – годишната актерка за интервјуто во Complex Magazine.
Покрај другото, таа говори и за нејзините разводи и за тоа како тие направиле таа да биде уште похрабра и да продолжи по патот на успесите, без разлика на сѐ.
Таа признава и дека не би сакала никогаш нејзините деца да се срамат од неа и од нејзините дела, и дека секогаш она што таа го прави за нив дома, е поважно од сѐ.
„На крајот на денот, тие повеќе се грижат за тоа јас да си дојдам дома, да се прегрнеме и да останеме заедно, отколку за тоа колку секси сум била во некое видео. Не велам дека за 10 години нема да ме прашаат зошто го направи тоа, но знам и дека тогаш повеќе нема да ги правам овие работи што ги правам сега“, изјави прекрасната актерка и пејачка за февруарското издание на магазинот.
Во истото, таа посочува и дека воопшто не се срами, ниту пак планира да се извинува за нејзиното последно видео со рап ѕвездата Иги Азалеа за песната Booty, бидејќи истото го смета за добра порака за жените.
„Во видеото, ќе ме видите мене, 45 – годишна жена како стојам до 24 – годишна девојка, и нема да ја забележите разликата во години. Жените мора да го видат тоа и да бидат свесни за истото. Никогаш не смеете да дозволите стравот од тоа што ќе кажат луѓето да ве спречи да направите нешто“, вели Лопез.
Сексапилната Џенифер во последно време не престанува да воодушевува со стајлинзите. Неодамна таа се појави во целосно црна комбинација за шоуто на Венди Вилијамс во Њујорк, додека неколку дена пред тоа, изгледаше неверојатно секси и шармантно во нежно розовата комбинација за гостувањето во шоуто на Џими Фалон.