Викендов музичката поп дива Џенифер Лопез одржа концерт за подржувачите на Хилари Клинтон во Флорида со што уште еднаш ја покажа наклонетоста кон претседателскиот кандидат.
Како и секогаш, прекрасната Лопез се појави во секси издание составено од црн корсет и високи чизми украсени со сребрени апликации од страните.
Овој концерт беше одржан со цел преку пејачката, Клинтон да ги придобие Латиноамериканските гласачи кои ги има во изобилие.
На концертот во Мајами на пејачката и се придружи и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони со кој во моментов го подготвува и новиот албум.
Поп дивата испеа голем број од нејзините огромни хитови меѓу кои и Let’s Get Loud, преку која Клинтон им порача на гласачите да бидат „гласни“ на изборите.
„Во моментов сме на една раскрсница. Мора да го избереме вистинскиот пат за во иднина“, рече пејачката на концертот во чест на Клинтон.
Голем број од познатите личности ја поддржаа Хилари Клинтон во изборната трка, а меѓу последните се и Џеј Зи кој ќе има концерт во Кливленд и Кејти Пери во Филаделфија на 5 – ти ноември.
Во галеријата погледнете ги фотографиите од концертот на Џенифер Лопез и Марк Ентони.