Џесика Бил со своја еко колекција на модни додатоци

4 ноември 2013

 

Џесика Бил креираше еколошка линија на модни додатоци. Актерката ги здружи силите со својот помал брат Џастин и најдобриот пријател Грејсон Ратовски во креирањето на една пред се општествено одговорна, но и стилски богата колекција. Линијата носи наслов  „BARE“.

 

 

За дизајнирањето на иновативните аксесоари се користат рециклирани вреќи во кои се транспортира и чува суровото кафе. Имено, материјалот од вреќите бил искористен за да се направат интересни модели на ранци, торби како и обични и клач-чанти.

 

 

Тие се рачно изработени во Колорадо и се продаваат по цена од 80 до 320 долари. Идејата за ваков проект потекнува од таткото на нејзиниот пријател Грејсон.

 

 

„Тоа е проект на страста“, вели братот на актерката во интервју за американски Vogue.

Актерката која неодамна наполни 31 година има омилено парче од својата колекција, а се работи за шопинг торба, за која вели дека не може да живее без неа.

„ Во оваа торба ги носам сите сценарија, сите мои лични работи и секогаш е со мене на работа, таа е дел од моето секојдневие“, завршува Бил.

 

 

 

Објавено:
4 ноември 2013
Категорија: 
Сцена