•
13 јули 2017
Еден од најактуелните парови во шоу бизнисот, манекенката Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик, се наоѓаат на насловната страна на магазинот Вог за неговото августовско издание.
Темата на нивната заедничка фотосесија е трендот на безродовата облека, односно елиминирањето на границите помеѓу облеката за двата пола.
Во овој контекст, Џиџи во оваа фотосесија ќе ја видиме во неколку „машки" аутфити позајмени од плакарот на нејзиното момче, што како тенденција е актуелна со години во модната индустрија.
Во оваа фотосесија се појавува и братот на Џиџи, Анвар Хадид.