Филмот „Eternals“ ја доживеа својата премиера и на Филмскиот фестивал во Рим, а по тој повод на црвениот килим зачекори и Анџелина Џоли, која е дел од актерската екипа во остварувањето.
Таа овој пат се појави во друштво на двете ќерки, Захара и Шајло. И покрај тоа што Џоли беше доминантна во сребрената креација на „Версаче“, сепак медиумите вниманието го свртеа кон Шајло, која е вистинска убавица.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Имено, Шајло отсекогаш им била интересна на новинарите, бидејќи долго време се облекуваше како момче и бараше да ја нарекуваат Џон. Нејзините родители отворено зборуваа за тоа дека ќе ја почитуваат желбата на ќерка си, па макар таа значела и андрогеност.
Шајло денес има 15 години и јавноста за првпат ја гледа во фустан. Претходно, на премиерата во Лос Анџелес носеше беж фустан, додека сега се појави во црно фустанче до колена кое го искомбинира со патики со животински принт.
View this post on Instagram
Многумина сметаат дека таа сега е копија на мајка си, но реалноста е дека личи и на двајцата родители, едноставно таа ги има најубавите гени на Џоли и Пит, барем кога е надворешниот изглед во прашање.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram