Пред неколку дена беше прикажана последната епизода на сега веќе култната „Game of thrones“ која ќе остане запаметена како една од најпознатите и најгледани серии во светот.
Ѕвездата на серијата, познатиот Кит Харингтон кој го толкуваше ликот на Џон Сноу, веќе еден месец се наоѓа на рехабилитација поради истоштеност, стрес и прекумерно консумирање на алкохол, потврди неговиот портпарол за Дејли Меил.
Институцијата за рехабилитација се наоѓа во Конектикат, а во истата надоместокот за еден месец изнесува 120.000 долари.
Во неколку наврати, актерот говореше за тоа како на него влијае серијата и огромната популарност што ја доживеа со истата.
„Кит одлучи да ја искористи паузата во неговиот распоред и да помине некое време на рехабилитација за да поработи на личните проблеми“, изјави неговиот портпарол.
Докторите во институцијата им помагаат на клиентите подобро да се справат со стресот и негативните емоции.
Пред неколку дена излезе видео во кое ѕвездите на серијата не можат да ги задржат солзите и емоциите на читањето на текстот од последната епизода кога всушност и дознаваат што се случува со нивните ликови.