Ѕвезден коктел во чест на ANDAM модните награди

5 јули 2014

Коперни, Ирис ван Херпен и Франсоа-Анри-Пино Коперни, Ирис ван Херпен и Франсоа-Анри-Пино

Се чини дека ѕвездениот живот во Франција никако не стивнува. Имено, на трети јули со поддршка на француското Министерство за култура се одржа коктел по повод ANDAM модните награди во чест на победниците.  ANDAM е француски акроним за Националната асоцијација за развој на модата и уметноста.

Хенри Пино и Натали Дуфо Хенри Пино и Натали Дуфо

Оваа година модните награди ANDAM слават 25 годишен јубилеј, па меѓу другото и ова беше одлична причина за да се организира еден ѕвезден коктел. Во овој четвртина век колку што постојат наградите на листата победници беа дизајнери како Мартин Марџела, Виктор и Ролф, Џереми Скот, Кристоф Лемер.

Каролин де Магрет и џон Демпси Каролин де Магрет и џон Демпси

Годинешниот победник на Гранпри наградата холандската дизјанерка Ирис ван Херпен, покрај признанието добива и финансиски средства во висина од 342 илјади долари и дополнителен бонус од 13 илјади долари од Сваровски, како и една година менсторство од извршниот директор  на компанијата Керинг,  Франсоа-Анри Пино. Втората по важност награда отиде кај младите талентирани дизајнери Себастија Мејер, Арно Вајану и Марк Коперни кои покрај признанието ќе добијат и финансиски надоместок од 100 илјади  долари кој им го доделува  директорката на ANDAM, Натали Дуфо.

Елен вон Унверт и Џон Демпси Елен вон Унверт и Џон Демпси

По повод двете значајни причини за прослава, јубилејот и наградите на коктел забавата присуствуваа познати имиња од светскиот шоу бизнис меѓу кои  претседателот на ANDAM, Пјер Берже, креативната директоркa на модната куќа Сен Лоран, Франческа Белетини, претседателот на Condé Nast, Хавиер Ромат, шефот на модниот гигант Керинг, Франсоа-Анри Пино, Џон Демпси, претставници од компанијата за козметика Есте Лаудер, моделот Каролина де Магрет, фотографката Елен фон Унверт и други.

Објавено:
5 јули 2014
Категорија: 
Сцена