Ѕвездена прослава: 40 години Saturday Night Live

16 февруари 2015

SNL40

„Live from New York, it's Saturday Night“ е фразата со која започнуваше ова легендарно шоу во изминативе 40 години. Честа да ја изговорат вчеравечер на роденденската емисија, ја имаа Џими Фелон и Џастин Тимберлејк. Фелон за првпат беше дел од шоуто во доцните 1990-ти, а сега ја имаше честа да биде домаќин.

Познатото дуо на нивен препознатлив начин ја „одрепуваа“ историјата на шоуто. Инаку, во легендарната емисија своите кариери ги започнаа голем број ѕвезди меѓу кои Вил Фарел, Еди Марфи, кои и вчеравечер беа дел од роденденската епизода што траеше повеќе од три часа.

Еди Марфи

Еди Марфи

После одличната најава, забавата продолжи со настапот на Канје Вест, кој нумерата Jesus Walks ја изведе лежејќи на под, во поза на распнат Исус. Инаку, и тој и Сиа подоцна, која се појави со огромна перика и ја изведе песната Wolves заедно со раперот Вик Менса, настапија во клаустрофобичен простор, со црно-бели риги. И таванот беше низок, па нивните движења беа ограничени, но токму тоа придонесе нивните настапи да бидат уште поинтересни за публиката.

перфансот на Канје


перформансот на СИа

Кога се изведувачите во прашање, на сцена се појавија и Мајли Сајрус, како и „Битлсот“ – Пол Макартни, Тејлор Сфивт, Кит Ричардс, Пол Симон...

Мајли Сајрус

Специјалното роденденско издание собра голем број ѕвезди заедно. Ова беше добар повод да ги евоцираат спомените и да ги потсетат бројните гледачи на нивниот препознатлив и критички хумор.

Така, во текот на вечерта беа изведени и неколку скечеви. Во препознатливиот сегмент Weekend update, водителските улоги повторно ги заземаа Тина Феј, Ејми Поелер и Џејн Куртин.

Во епизодата на „серијата“ The Californians се појавија Тејлор Сфивт, Кери Вашингтон и Бредли Купер, кој страсно се бакна со легендарната Бети Вајт. Голем број припаднички на понежниот пол вчеравечер ѝ позавидоа на искусната актерка.

Филмот Waune’s World базиран е  на сегмент токму од шоуто Saturday Night Live, а ѕвездите на истиот Гарт (Дејна Карвеј) и Вејн (Мајк Милерс), после многу години повторно се заедно. Гарт и Вејн прочитаа кои се 10-те најдобри работи кај ова шоу, а потоа се навратија и на инцидентот на Канје Вест и Тејлор Сфивт од пред некоја година и му порачаа да „остане да седи“.

Еден од најпопуларните скечеви на Saturday Night Live е и Celebrity Jeopary, кој специјално за роденденската емисија повторно се врати. Гости беа „Шон Конери“, „Џастин Бибер“ и „Тони Бенет“, а се појави и Џим Кери, кој го имитираше Метју Меконахи. Водител беше легендарниот Вил Фарел.

Инаку, првата епизода на Saturday Night Live е емитувана на 11.Октомври 1975 година, кога домаќин беше Џорџ Карлин, а Били Престон и Џенис Јан беа музички гости.

На ова роденденско издание меѓу гостите се најдоа и Џон Белуши, Гарет Морис, Џејмс Франко, Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс, Мајкл Болтон, Вупи Голдберг, Том Хенкс, Алек Болдвин и уште многу други, кои можете да ги погледнете во галеријата подолу. На линкот овде, можете да ги видите ѕвездите на ова шоу, како изгледаа на почетоците, а како изгледаат денес.

Објавено:
16 февруари 2015
Категорија: 
Сцена