Во моментов, Ема Вотсон е дефинитивно една од најпопуларните актерки благодарение на премиерата на долго очекуваниот филм „Убавицата и ѕверот“ кој наскоро ќе можеме да го погледнеме и кај нас.
Покрај фантастичните комбинации во кои се појавува на промоцијата на нејзиниот нов филм за кој многумина ќе кажат дека ќе биде еден од најпопуларните за 2017 година, таа имаше и одлична фотосесија за магазинот Vanity Fair.
На една од фотографиите таа се појавува и топлес покриена само со шик палто од ресортот на Барбери, додека на другите фотографии можеме да ја видиме во фантастични комбинации од светски познатите брендови.
Во одличното интервју таа за прв пат говори за нејзиното момче кое сака да го сокрие од јавноста, за растењето пред камерите и за тоа дека не се грижи дали ќе добие Оскар, освен ако филмот не испраќа некоја важна порака.
Таа говори и за тоа дека повеќе не сака да се фотографира со нејзините обожаватели и дека тоа го прави само од една причина – поради нејзината безбедност.
„Ако некој се фотографира со мене и ја постави фотографијата на социјалните мрежи, сите ќе знаат каде сум. Ќе можат да видат што носам и со кого сум. Едноставно не сакам да откривам такви информации, поради мојата и безбедноста на сите околу мене“, вели младата актерка во интервјуто.
Таа додава дека би била среќна ако некој побара автограм од неа или пак размени некои информации за Хари Потер или другите филмови за што секогаш сака да разговара.
„На децата никогаш не можам да им кажам не, но затоа секогаш се трудам да го одберам вистинскиот момент за комуникација со било кого“, додава таа.
Во интервјуто таа за прв пат говори за нејзиното момче со кое е фотографирана само неколкупати.
„Не можам да зборувам за моето момче во интервју и потоа да не очекувам папараците да не фотографираат или да ме чекаат пред мојот дом. Не можете да ги имате и двете работи никогаш“.
Таа додава и дека никогаш нема да дозволи некој покрај неа да се чувствува како да е во филм или како да глуми.
За она што е актуелно во моментов, нејзината улога во култниот „Убавицата и ѕверот“, филм што светот со нетрпение го очекува, таа ќе каже:
„Иако Бела е Дизни принцеза, таа воопшто не е пасивен карактер, таа е сама задолжена за нејзината судбина. Реков дека филмот не може да почне со прошетката на Бела во овој тивок град со кошничка покриена со бел чаршаф. Мора повторно да ги разгледаме работите“, посочува таа во интервјуто.
Кога ќе го погледнете филмот, задржете се на сцената кога Бела ќе измисли модерна машина за перење која и дозволува да седи и да чита.