Шеесет и седмото издание на Еми наградите, или како што популарно се нарекуваат телевизиските Оскари, се одржаа вчеравечер во Лос Анџелес, а помина во знакот на актерката Вајола Дејвис. 

Таа ја освои наградата за најдобра актерка во драмска серија (How to get away with murder), па така стана првата Афроамериканка која освои Еми. Врачувањето на наградата беше проследено со трогателен говор:

-Единствената работа која ги дели црните жени од останатите е добрата шанса за глума. Не можеме да добиеме Еми ако не е напишана улога за нас - изјави Вајола.

Ова издание го одбележа и Џон Хам, кој конечно доби Еми за најдобар актер за улогата во серијата Mad Man. 

Серијата Games of Thrones имаше најголем број номинации, дури 24, но и најмногу освоени награди 12, меѓу кои и онаа за најдобра машка споредна улога која му припадна на Питер Динклејџ.

Серијата Transparent, во која се зборува за трансродов татко, освои две награди, за најдобра режија и онаа на Џефри Тејбор за најдобар актер во комедија.

-Наградата ја посветувам на трансродовата заедница, која е многу трпелива и храбра - изјави актерот.

Политичката сатира Veep ја освои наградата за најдобра комедија. 

Креативните Еми, која се доделува за технички иновации во телевизиската продукција им припаднаа на Game of Thrones и документарниот филм за саентологија Going Clear.

Комплетната листа на добитници погледнете ја тука.

Кога е црвениот килим во прашање, разноликоста беше во преден план. Светлите бои и светкавите креации беа најчестиот избор на актерките. 

Хајди Клум го привлече вниманието во сончевата креација со потпис на Версаче. Кери Вашингтон го избра Марк Џејкобс за оваа пригода, додека Аманда Пит се појави во креација на Мајкл Корс. 

Хајди Клум

Кери Вашингтон

 

Објавено:
21 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.429 пати