Ерика Баду: Неконвенционална инспирација

3 јуни 2013

Добитничката на Греми наградите и една од најмаркантните жени во музичкиот свет. Две децении, Ерика Баду, е вистинска музичко-модна икона. Нејзиниот музички правец обединува, Р‘Б, нео соул, соул, фанк, џез и хип-хоп, а разновидноста ја пренесе и кај препознатливиот електронски правец.

 

 

 

Од самиот почеток на кариерата, турбанот е нејзиниот заштитен знак. Впечатливите бои и дезени ја издвојуваат како музичар со наметлив стил. Турбан престана да носи пред околу десет години, но, тој остана нераскинлив и препознатлив за 41-годишната пејачка. Можеби на прв поглед нема да верувате, но, денес Ерика Баду носи креации од најпрестижните модни куќи, како приватно, така и на настапи. Меѓу нејзините омилени дизајнерски ќуќи се: Луј Витон, Оскар Де Ла Рента и Ралф Лорен, а нејзините експерименти со модните додатоци, облеката и преобразбата, ретко кој би се осмелил да ја носи.

 

 

Впечатливиот накит и необичните потпетици секогаш се искомбинирани со интересни фризури. Моќниот глас, драматичната шминка, царството на дезени, бои и неверојатната енергија ја прават Ерика Баду, легенда. Она што можеби најмногу шокира е нејзината искреност и храброст да остане своја.

 

 

Објавено:
3 јуни 2013
Категорија: 
Сцена