Есенска гала вечер во Њујорк: Кога модниот дизајн ќе се спои со елегантниот балет...

25 септември 2014

Линколн центарот вчера беше местото каде се собраа сите еминентни њујорчани кои уште еднаш, традиционално, ја прославија величественоста на уметноста наречена балет на „Есенската балетска гала вечер“.

Највпечатлива вечерта дефинитивно беше потпретседателката на њујоршкиот балет, прекрасната актерка Сара Џесика Паркер која блесна во уникатна, дводелна креација на дизајнерката Мери Катранзу.

Оваа година, актерката ги собра најдобрите дизајнери на едно место кои, како и секогаш, направија одлични костими за танчарите, кои покрај тоа што изгледаа уникатно, тие беа и сосема носливи и удобни за танцување.

„Модата секогаш почнува со одредена фантазија, визија и сон, но на крајот, тој сон секогаш мора да стане реалност“, изјави дизајнерката Каролина Херера, пред почетокот на балетската претстава.

Каролина Херера Каролина Херера

Оваа година, Сара Џесика Паркер, покрај со Херера, ја имаше честа да соработува и со Александар Меквин, Мери Катранзу и Том Браун, кои создадоа навистина одлични костими за танчерите.

Фасцинантното шоу почна со балетската претстава „Morgen“, со кореографија на Питер Мартинс, во кое балерините носеа транспарентни куси фустани со потпис на Каролина Херера.

На, и онака фантастичната грациозност со која располагаат балерините, особен придонес ѝ даде и уникатната Мери Катранзу која креираше прекрасни светкави костимиод тантела во кои девојките блеснаа на сцената.

Според тамошните критичари, најголем впечаток вечерта оставила претставата „Clearing Dawn“ и костимите на Том Браун во кои танчерите се движеле изненадно лесно.

Целата одлична идеја на соработка помеѓу светските дизајнери и њујоршкиот балет ја дала самата актерка, која изјави дека воопшто не зажалила за направениот избор на дизајнери.

„Поголемиот дел од кореографите ја прифатија идејата да работат со познати дизајнери, но имаше и такви кои го одбија тој предлог“, изјави Паркер.

Од приложеното, сите дефинитивно се уверија дека резултатот од ваквата, несекојдневна сороботка е и повеќе од одличен. Креирањето на костими за ваква пригода во која дизајнерите пред сѐ мораат да мислат на функционалноста и движењето на балетаните, потоа на рефлекторите што значително ќе ја променат бојата на костимите и сѐ останато, е многу тешка работа, но одбраните дизајнери тоа го направија на величествено лесен начин!

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Сцена