Ева Херцигова елегантна за магазинот The Edit

23 ноември 2013

Харизматичниот чешки модел Ева Херцигова во интервју за магазинот The Edit зборува за својата 24 годишна кариера, билансот помеѓу животот пред камера и интимата, и за тоа која е тајната постојано да се остане конкурентен и привлечен за модните уредници.

Херцигова изгледа неверојатно шик и елегантно во едиторијалот за магазинот, со што се потврдува дека убавата жена е привлечна во секоја доба од животот.

Со уредно средена фризура и нагласени црвени усни, таа позира во комбинации од деловни парчиња.

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Сцена