Магазинот „Vanity fair“ секоја година објавува листа на најдобро облечени. Листата за 2013 година излезе вчера, а на неа се најдоа Кејт Мидлтон, Џастин Тимберлејк, Жизел Бундшен и Том Бради, што беше и очекувано.
Сепак, подобар успех или за првпат на листата се најдоа и Кери Вашингтон, Кит Ричардс, Бијонсе. Мишел Обама која минатата година беше во врвот, годинава ја нема меѓу најдобро облечените, а нејзиното место го зазема првата дама на Кина, Пенг Лијуан.
Оваа година магазинот организираше и „International best-dressed list challenge“, со што публиката имаше можност да гласа кој според нив има најмногу стил и најдобро се облекува. Во овој избор победија Хејли Свансон (моден блогер) и Дарен Хено ( архитект и дизајнер за внатрешен ентериер), со што се покажа дека и „обичните“ луѓе можат да бидат исто така добро облечени.
Погледнете кој се' се најде на листата: