(Фото) Познатите и модата на Роланд Гарос

12 јуни 2023

Модата и тенисот одат рака под рака, па така навикнати сме да гледаме еден вид на тенис-кор стил на трибините додека натпреварувачите на теренот, напорно се борат за секој поен.

Вчера Новак Ѓоковиќ испиша историја со рекордната 23-та Грен слем титула во машка конкуренција, престигнувајќи го Рафаел Надал и стана првиот човек кој ги освоил сите четири главни турнири најмалку три пати.

Помеѓу познатите ликови кои во неделата се најдоа на трибините беа Хју Грант, NFL легендата Том Брејди, фудбалските ѕвезди Килијан Мбапе и Златан Ибрахимовиќ.

Низ годините голем број на филмски, спортски ѕвезди, па дури и членови на кралски семејства биле дел од публиката на Роланд Гарос.

Очилата за сонце и шеширите биле и сè уште се непишано правило на тенис-кор модата, а во однос на боите доминирале светлите нијанси од кои најмногу белата.

Направивме една мала фотогалерија од атмосферата што можеше да се види вчера, но и она што камерата го забележала низ годините.

 

Фото: Getty

Објавено:
12 јуни 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
918 пати