Фотографски времеплов низ станот во кој живееше легендарната Коко Шанел

1 септември 2014

Фотографиите од станот каде што живееше легендарната модна икона на сите времиња Коко Шанел и ден денес со својот беспрекорен ентериер го одзема здивот на голем број обожаватели на оваа модна дизајнерка. По тој повод  лондонската галерија Saatchi организира изложба каде ќе бидат поставени ексклузивните фотографии кои ја раскажуваат приказната за животот на Шанел.

Режисерката на овој одличен проект, Сем Тејлор – Џонсон, изложбата ја наслови „Вториот кат“, баш поради тоа што станот на Коко Шанел се наоѓал веднаш над нејзината продавница во Париз. Сите обожаватели и почитувачи на ликот и делото на Мадмоазел Шанел ќе можат низ фотографски времеплов од 45 фотографии да го видат домашниот раскош во кој живеела дизајнерката.

Славните огледални скали, фасцинантните ентериери декорирани со рачно граден мебел, кристалните лустери, а огромната плејада на книги домашната библиотека на Коко Шанел ја прават една од најбогатите и најпосакуваните. Секој предмет, украс, парче мебел, сè уште на себе ги има отпечатоците на славната дизајнерка, поради што и самиот фотограф потврди дека фотографирањето било навистина тешка обврска за него лично.

Станот кој се наоѓа на улицата Камбон, не е толку познат и славен како што е случајот со апартманот во хотелот Ритц. Во првиот стан ги примала гостите, таму ги чувала и личните модни колекции, а меѓу декоративните предмети како највпечатливи се киповите со форми на животни. Најмаркантна е статуата на бронзениот лав кој е и воедно хороскопскиот знак на креаторката. Урбаната легенда раскажува дека секогаш кога Мадмоазел се враќала дома нејзините домашни помошници веднаш ги парфемирале собите со есенцијалниот мирис на легендарниот Chanel Nº 5.

Изложбата ќе биде поставена во галеријата десет дена од 12-ти до 22-ри септември.

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Сцена