Ѓуле Ван Гог: Аксесоарите не ми се украс туку емотивен потсетник

10 мај 2014

Вчеравечер во холот на трговскиот центар Сити Мол пред најверните обожаватели и медиумите, се случи промоцијата на најновиот студиски албум на белградскиот рок состав „Ван Гог“, насловен „Неумерен у свему“, како и промоцијата на третото  видео од истоимениот албум за песната „Прва и последња кап“.  Откога се потсетивме на старите хитови и слушнавме дел од новите, поразговаравме со фронтменот Звонимир Ѓукиќ Ѓуле, кој ни ги раскажа плановите за големата балканска турнеја што ги очекува за новиот албум, првата книга што ќе ја објават, а помуабетивме и за рокерскиот стил кој го негува.

- Албумот е слика на тоа што ние сме приватно, многу концертен и инспиративен  со песни што на некој начин се како повикувачки за поголем концертен настап. На овој  вечерва имавме задоволство да споделиме дел од песните, а промоцијата  пред се не сакавме да биде класична, со неа  впрочем ја најавуваме и турнејата насловена  „Лице во лице“ . Ни беше навистина пријатно на овој анплакт настап кој е најава полна со очекувања. Пред нас се многу  градови каде ќе се дружиме со публиката , Сараево, Загреб, Белград, Подгорица, Нови Сад, Ниш. Секако Скопје треба да не очекува повоторно, а ова наше гостување беше само најава за тоа што следи. Морам да споменам дека за неколку дена излегува книга за Ван Гог, тоа е книга што носи приказни  од  мене и тапанарот Срба, а се вика „Tragovi prošlosti – stereografija“ на 256 страници во феноменален формат, многу фотографии и недоискажани приказни кои секако се надевам ќе им се допаднт на сите, вели за Fashionel Ѓуле.

На прашањето за тоа како се градеше сценскиот изглед на групата низ годините, тој објавнува дека секогаш се воделе спонтано без да робуваат на некакви модни правила.

-Сценскиот изглед на Ван Гог би можел да го прокоментирам како бранови кои доаѓаат и си одат, го следиме сопствениот инстинкт односно внатрешниот глас на сопствените сетила. Ние немаме потреба да се додворуваме на модерното време. Можам да бидам и гол на сцена потполно ми е сеедно, зашто емоцијата, енергијата и допирот со публиката на сцена е најважна, додава тој.

Маркантниот фронтмен е препознатлив по тоа што на себе секогаш има многу аксесоари како прстени, ѓердани, алки, обетки и синџири за кои вели дека имаат големо животно значење.

-Сите аксесоари на мене претставуваат некој момент од мојот живот, дел од нив се интимни и ги носам под облеката, скриени. Секој од нив има значење и приказна зошто стои таму. За мене тие  не е украс, туку на некој начин емотивен потсетник. И во приватниот живот сме тие што не гледате на сцена, обични луѓе кои останавме достапни за сите, па дури не сме ги смениле и телефонските броеви, завршува Ѓуле.

Иако не го конкретизираше конкретниот датум кога пак ќе дојдат во Македонија, тој на сите обожаватели им порача да ги очекуваат повторно со голем концет.

Објавено:
10 мај 2014
Категорија: 
Сцена