Гламур ги избра жените на годината

4 јуни 2015

Завчера беа одржани традиционалните награди за Жени на годината, што ги доделува британскиот магазин Гламур на најуспешните жени во модната индустрија и во шоу бизнисот.

Помеѓу наградените дами беа и Кејт Хадсон, Кери Вашингтон, Рози Хантингтон-Вајтли, Ели Голдинг и други познати жени што списанието ги оценило како најзаслужни за овогодинешните награди.

Тие заблескаа на црвениот килим во креации на познати дизајнери, претежно во едноставни кроеви, долги фустани, миди здолништа, комбинезони, а меѓу највпечатливите беа и популарните костуми со елегантни и женствени линии.

 

 

 

Објавено:
4 јуни 2015
Категорија: 
Сцена