После речиси 50 години, гитаристот на легендарната група „Квин“, Брајан Меј, одлучи да ја сподели можеби најчуваната љубовна приказна на Фреди Меркјури. Мери Остин имала само 19 години кога се забавувала со Брајан, која пак тогаш работела во моден бутик.
„Мене толку многу ми се допадна Мери, која беше неверојатно невообичаена девојка, забавна, што мислев дека ќе останам со неа цел живот“,-ќе изјави Брајан.
„Еден ден Фреди ми пријде и ме праша дали сум навистина сериозен во мојата врска со Мери. Може јас да ја поканам да излезе со мене една вечер? И тој навистина ја покани и беа љубовници долго време“.
Ова откривање на приказната е свежа токму поради фактот што е во тек биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“ во кој улогата на Фреди ја игра Реми Малик (Mr. Robot). Имал 24 години кога ја сретнува Мери. Нивната врска ќе биде контроверзна, комплицирана и екстравагантна.
"Баш поради тој факт малку задоцнивме со сценариото на филмот и сакавме да ја кажеме вистината. Тоа е една уникатна приказна затоа што Фреди беше многу приврзан за Мери. Беше приврзан и за своите машки пријатели, но и за бендот“.
Меркјури и Остин ќе живеат во Лондон каде тој на Божиќ 1974 година ќе ја запроси. Таа врска трае две години кога Фреди и соопштува на Мери дека е хомосексуалец.
Остануваат блиски пријатели се до неговата смрт. Кога Фреди ќе почине од сида на само 45 години во 1991 година, Мери ја добива во наследство неговата вила, многу големо наследство и една задача: да ја расфрли неговата пепел на место кое само таа ќего знае.
„Тој не сакаше обожавателите да одат по неговите остатоци и да собираат делчиња од него, како што се случува со познатите имиња“, - вели Мери во 2013та година.
„Тој сакаше тоа да биде тајна и така остана“.
Фотографии извор :google,pin intereset,getty images