Гордон Ремзи стана татко по петти пат!

5 април 2019

„После 3 Бафта награди и едно Еми... конечно добивме и Оскар“, вака шефот Гордон Ремзи се пошегува и ја соопшти веста за тоа дека станал татко по петти пат.

Тој додаде дека бебето е родено во 12.58, односно „таман на време за ручек“. Малиот Оскар Џејмс Ремзи, како што е целосното име, веќе доби и свој Инстаграм профил, а меѓу првите кои го заследија е Бруклин Бекам, кој се дружи со останатите деца на готвачот.

За потсетување, Гордон (52) и неговата сопруга Тана (44) се родители на Меган (21), Матилда (17) и близнаците Џек и Холи (19).

Тана објави на социјалните мрежи дека е бремена околу Нова година. Инаку, таа и претходно беше бремена, но за жал, бебето го изгуби во петиот месец од бременоста.

Сепак, Оскар ја врати насмевката кај семејството, а за тоа говорат и најновите фотографии, на кои браќата и сестрите му посакуваат добредојде.

Инаку, Гордон и Тана се во брак 22 години.

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
685 пати