Ирина Шајк се сретна со Бредли Купер, Лејди Гага објави фотографија со новото момче

4 февруари 2020

Странските медиуми деновиве повторно во фокусот ги ставија Ирина Шајк, Бредли Купер и Лејди Гага.
Но, сега во сосема поинаков контекст.

После седум месеци откако ја раскинаа врската, Ирина и Бредли за прв пат се видени на ист настан, односно на забава после BAFTA наградите.

Ирина Шајк, која патем изгледа беспрекорно во фустан-мрежа што целосно ги истакнува нејзините атрибути, на забавата е во друштво на дизајнерот Рикардо Тиши, но како што може да се забележи на фотографиите што веќе вирално се споделуваат, таа се фотографирала заедно ис о Бредли Купер.

Ова е прва нивна заедничка фотографија, откако се разделија.

Лејди Гага пак новата година ја започна со нова врска. На својот профил на Инстаграм објави фотографија со нејзиното ново момче, Мајкл Полански, кој заедно со Шон Паркер, ја основал фондацијата Паркер. Шон, пак, е коосновач на големи бизниси, како Napster и Facebook.

„Добро се забавувавме на Мајами. Ги сакам сите мои мали монстриуми и обожаватели. Најдобри сте", напиша Гага под фотографијата објавена на Инстаграм.

Објавено:
4 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
9.612 пати