Познатиот италијански срцекршач Ерос Рамацоти го кажа судбоносното „Да“, по втор пат во својот живот. Негова избраничка овојпат е манекенката и пејачка Марица Пелегринели, со која ја има петгодишната ќерка Рафаела Марија. Церемонијата се одржа во салата за свадби Palazzo Reale во Милано.
Желбата на сопружниците била нивната венчавка да биде тајна и далеку од очите на јавноста, затоа во една прилика и самиот Рамацоти изјави дека свадбата ќе ја закаже на 21 јуни, но на изненадување на сите нивни пријатели и на семејството тие заедно во последен момент одлучиле да стапат во брак на шести јуни. На интимната свеченост биле присутни само сведоците и таткото на невестата.
Особен впечаток на церемонијата оставија стајлинзите на младите кои што одбраа нешто сосема лежерно и невообичаено за ваков вид манифестација. Пејачот пристигна околу 12.40 часот, заедно со неговата избраничка, облечен во црна маичка со зелен принт, црни панталони, јакна и патики во неон зелени нијанси, а манекенката пак, се одлучи за бел костум со кошула, рамни сандали со златни детали и лежерна фризура. Церемонијата не траеше долго, а вљубената двојка за да го избегне медиумскиот притисок излезе од задниот влез на палатата.
По завршувањето на церемонијата пејачот на својот Фејсбук профил напиша:
„Целта на сакањето е секогаш да примиш онолку љубов колку што можеш да дадеш. Пред да кажеш „за секогаш“, размисли дали си вистински подготвен да се жртвуваш за нешто толку благородно.