Едно навидум сосема безначајно видео наменето за забава, кое гласеше „Доврши ги стиховите“ и средба во лондонско метро, ѝ го смени животот на Британката Шарлот Обри.
Откако видеото стана вирално и нејзиниот глас го слушнаа милион луѓе ширум светот (ги доврши стиховите на песната „Shallow“), Елен Деџенерис одлучи да ја викне во својата емисија.
Секако, Шарлот беше повикана да ја отпее споменатата песна, хитот на Лејди Гага од филмот „Ѕвездата е родена“, која ја изведува со Бредли Купер.
Освен што милионски аудиториум имаше шанса да ја види и слушне, Елен одлучи да ја изненади.
„Не ми се верува дека сум тука, дека седам до тебе, многу сум возбудена. Навистина сум почестена“ ѝ рече Обри на Деџенерис, која пак ѝ возврати дека обожува вакви спонтани приказни и ѝ прочита статистика.
View this post on Instagram
„Ова е лудо, многумина мислеа дека е исценирано, но не е. Те сретнаа во лондонското метро, ја отпеа песната и еве што се случи. Видеото го погледаа повеќе од 60 милиони луѓе. Поради твојата изведба песната „Shallow“ повторно се најде во Топ 40 на itunes. Од 4.000 следбеници на Инстаграм, сега имаш 400.000 меѓу кои и Аријана Гранде“, посочи Елен.
View this post on Instagram
Инаку, Шарлот откри дека 15 години се занимава со пеење, пее по свадби, забави, барови, ресторани и пабови...
„Татко ми ми даде совет да пеам без оглед на тоа каде сум и никогаш да не се откажувам. И беше во право“, рече Британката во емисијата, во која во публика присуствуваше и момчето кое го сними видеото и чие име е Кевин.
View this post on Instagram
Тој посочи дека „Доврши ги стиховите“ не е единствената негова активност, дека правел и други такви забавни видеа. За конкретново, две недели во Лондон среќавал луѓе кои би сакале да ги довршат стиховите, како и тоа дека Шарлот му оставила огромен впечаток.
„Бев во шок кога ја слушнав, едниственото нешто што можев да речам е „Вау“ и таа навистина го заслужува ова. И ми се насолзија очите додека те слушав како пееш сега“, ѝ рече Кевин на симпатичната Британка.
„Вие двајца треба да останете во контакт до крајот на животот, бидејќи двајцата си помогнавте меѓусебно“, додаде Елен по што ѝ ги врачи подароците.
View this post on Instagram
„Ќе имаш уште многу свирки и ќе патуваш уште многу со метро, затоа ние одлучивме да ти помогнеме и добиваш година дена бесплатен превоз“, ѝ откри водителката, за потоа да ѝ подари и 10.000 фунти.
Она што би било уште поинтересно е да се сретнат Шарлот и Лејди Гага, но засега пејачката не дала никаков коментар на пеењето на 30-годишната Британка. Интересно што и Шарлот е случајно откриена исто како и ликот што Гага го глуми во „Ѕвездата е родена“.
Во продолжение погледнете уште неколку нејзини изведби, меѓу кои и една нејзина авторска песна: