Ја препознавате ли оваа позната холивудска актерка?

3 март 2017

Таа е андрогена холивудска актерка која досега многупати успеала да нѐ изненади со нејзините фантастични трансформации за одличните филмови од кои била дел. 

Иако многумина сѐ уште не можат да веруваат, на фотографиите всушност е талентираната Тилда Свинтон овој пат маскирана како старец за потребите на римејкот на италијанскиот хорор „Suspiria“. 

Според информациите во американските медиуми, фотографиите од актерката биле снимени на сет во Берлин каде почна снимањето на популарниот хорор. 

Она што сите ги изненади и сѐ уште многумина не се сигурни дека навистина станува збор за познатата холивудска актерка, е тоа што претходно беше најавено дека таа ќе толкува женски лик во филмот, а не старец како во случајов. 

Инаку, филмот раскажува приказна за американска студентка по балет која го продолжува образованието во престижно германско училиште каде почнуваат да се случуваат мистериозни убиства. 

Во својата кариера, Тилда Свинтон има доживеано огромен број на трансформации за разни филмови и важи за една од актерките која одлично се снаоѓа во секоја улога.

Последно можеме да ја видиме во научно – фантастичниот трилер со наслов Окја кој се прикажува на Нетфликс, со руса перика и шишки во стилот на Ана Винтур.

Дали навистина станува збор за актерката и која всушност улога и ја доделил режисерот Лука Гвадањино, останува да видиме.

Објавено:
3 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.061 пати