Филмскиот синоним од 50-тите, Марлон Брандо, беше инспирацијата за брендот Bench & Loom во создавањето на уште едно култно парче, црната „бомбер“ јакна што иконскиот лик ја носеше како Тери Мелоу во филмот On The Waterfront.
Интересно е што за реинтерпретација на јакната, им биле потребни цели две години, анализирајќи кои карактеристики од дизајнот да останат идентични, а кои да добијат визуелитет од новото време и тековните тенденции.
Јакната е изработена во лимитирана едиција од 30 парчиња кои ја задржуваат црната боја, дискретниот патент, страничните џебови и волнената јака. Единствена трансформација е изборот на модерна текстура од основата на материјалот, а произведувачите велат дека ова е јакна за мажи со силен карактер и јасно дефиниран стил. Цената на ова култно модно задоволство, припадниците на посилната половина ќе ги чини 725 долари.