Како изгледа летното катче на Бред Пит и Анџелина Џоли?

17 јули 2014

Домовите на популарните личности секогаш се предмет на интерес од страна на обожавателите и фановите.  Денес ви го презентираме модерниот дома на најпопуларниот пар во филмската индустрија Бред Пит и Анџелина Џоли, кој се наоѓа во Малибу и има неверојатен поглед кон бескрајната водена шир, прекрасниот пацифички океан. Ѕвездениот пар доаѓа во куќата лоцирана на брегот особено во летниот период, да се одмори далеку од очите на јавноста и да поминат заеднички среќни семејни моменти.

Еднокатната палата е изградена во средината на минатиот век, 1962 година. Архитектурата е дизајнирана од страна на Крис Соренсен. Големата куќа има четири спални, четири бањи, дневна соба, кујна , базен, тениско игралиште, градина и приватен залив.

Дизајнот е модерен, а внатрешноста не изобилува со многу детали. Стаклото, челикот и дрвото се водечките материјали кои ја градат модерната стилистика на ентериерот. Во собите се чувствува пријатна атмосфера. Во ходникот градираат главно студени нијанси. Доминираат бојата на слонова коска, сивата и кафената. Дневната соба и кујната се поврзани во една просторија.

Најголем впечаток остава неверојатниот панорамски поглед. Океанот се гледа од скоро сите соби во куќата, бидејќи фасадата е целосно стаклена. Замислете секое утро да ве буди звукот на брановите, мирисите на морска вода и сончевите зраци.

Објавено:
17 јули 2014
Категорија: 
Сцена