Како изгледаше црвениот тепих на Governors Awards

10 јануари 2024

Сезоната на награди е во полн ек, па така и вчерашниот ден посветен на почесните Governors Awards во Холивуд, беше закитен со импресивен црвен тепих.

Ѕвездите по 14 пат се собраа на оваа манифестација која што ја организира Американската академија за филмски уметности и науки.

Governors Awards доделува почесни Оскари за посебниот придонес на актерите за филмската уметност, а годинава тоа беа Анџела Басет, Мел Брукс и Керол Литлтон.

На црвениот тепих можеа да се забележат префинети тоалети и елегантни костуми, а помеѓу холивудските ѕвезди што се појавија беа Марго Роби, Џулиен Мур, Натали Портман, Леонардо Дикаприо, Роберт Дауни Џуниор, Килијан Марфи, Оливија Мун, Рита Вилсон, Том Хенкс, Емили Блант, Ема Стоун, Ева Лонгориа, Пенелопе Круз и други.

Валентино

Софи

Селин

Селин

Родарте

Рик Овенс

Прада

Луј Витон

Ботега Венета

Диор

Ердем

Фенди

Миу Миу

Фото:Getty

Објавено:
10 јануари 2024
Категорија: 
Сцена