Со проекцијата на филмот La Tete Haute, на француската режисерка Еманијел Берко, вчеравечер започна 68-то издание на Кански филмски фестивал.
Ова е првпат после 27 години, откако режисерката Диан Круис во 1987 година го отвори со филмот Man in Lovе, фестивалот да започне со остварување режирано од жена.
-Го прогласувам 68-от Кански фестивал за отворен. Ви благодарам на сите – рече Џулијан Мур на англиски, а потоа и на француски. Честа да го прогласи за отворен овој престижен фестивал Џулијан ја оправда не само со своето искуство, туку и со појавата. Црниот долг фустан на Armani Prive се покажа како одличен избор, бидејќи речиси сите модни магазини ја ставија на листата на најдобро облечени актерки од црвениот килим.
Домаќинот на фестивалот, францускиот актер Ламбер Вилсон ги поздрави претседателите на годинешното жири, американските режисери и сценаристи, Џоел и Итан Коен.
Сценографијата за отворањето е дело на Бенжамен Милпје, кого го видовме во придружба на својата сопруга, актерката Натали Портман.
Инаку, сценографијата е инспирирана со филмот Vertigo на Алфред Хичкок. За Златната палма оваа година ќе се натпреваруваат 19 филмски остварувања.
А натпревар секогаш постои и на црвениот килим. После катастрофалните појавувања на Мет Галата и телевизиските Бафта награди, конечно имавме достоен црвен килим, каков што и се очекува на оваа престижна манифестација.
Лупита Нјонго во зелен фустан со потпис на Гучи беше вистинска кралица. Со својата појава и позирањето, младата актерка направи одлична работа, кога е маркетингот и медиумската застапеност во прашање. Ништо помалку забележана не беше ниту Наоми Вотс која блесна во креација на Ели Сааб.
На црвениот килим се појавија и Сиена Милер, која заедно со Џејк Џиленхал е дел од годинешното жири, Исабела Роселини, Карли Клос во креација на Версаче, Бар Рафаели...
На црвениот килим секако ја видовме и неповторливата Кетрин Денев, која покажа дека гламурот не познава години. Во свој препознатлив стил ги поздрави присутните на црвениот килим, но и на премиерата на остварувањето La Tete Haute, во кое ја една од водечките улоги.
Фестивалот трае до 24-ти мај, а во продолжение погледнете како изгледаше гламурот во Кан: