Кејт Бланшет е стилска кралица според Вог

25 декември 2013

Модната Библија, магазинот Вог, односно неговото американско издание ја објави годишната листа на најдобро облечени жени. Актерката Кејт Бланшет, пејачката Ријана и манекенката Миранда Кер се предводнички од листата. Славниот магазин ги зема во предвид сите изгледи што тие ги имале во текот на целата година. Ѕвездата на филмот „ Син јасмин“, Бланшет е прогласена за стилска кралица, посебно на црвениот килим, каде успеа да го истакне спојот меѓу авангардата и безвременската елеганција.

 

Пејачката од Барбадос, Ријана е прогласена за моден „вулкан“ кој во секоја прилика може да има ерупција во вид на феноменални дневни комбинации, што ретко кој друг би ги споил на таков начин.

На третото место е уште една Австралијанка, Миранда Кер. Американски Вог и дава пофалба за нејзиниот стил и тоа посебно за дневните комбинации, од кои дури и кога е во прошетка со синот Флин таа изгледа гламурозно.

Следна на четвртата позиција е графичката дизајнерка Софија Санчез, која ги воодушеви уредниците на Вог според начинот на кој ги носи креациите на Родарте.

Англиската актерка и манекенка Лили Колинс се пласираше на петтото место, зашто вешто го избегна имиџот на старлета, избирајќи импресивни креации што ги носи до голема доза самодоверба.

 

Модната дизајнерка Стела Мекартни, ќерката на славниот Пол Мекартни, исто така треба да прими одредн како за колекциите што ги создава, така и за нејзиниот беспрекорен имиџ.

На листата се наоѓаат и француската актерка и манекенка Леа Сејду, манекенката Кара Делевињ, американската актерка Кери Вашингтон и дизајнерката со грчко потекло Евгенија Ниарачос. Евгенија е наследничка на богат грчки бродоспоственик, се занимава со дизајнирање накит и редовно ја следи париската модна недела каде привлекува внимание со специфичната фризура со плетенки во стилот на политичарката Јулија Тимошенко.

 

Минатата година титулата за најдобро облечена жена според американски Вог ја доби актерката Ема Стон, а на листата исто така се најдоа и Кристен Стујарт, Зои Салдана, Руни Мара и сестрата на Бијонсе, Соланж.

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Сцена