Кејт и Вилијам: Најважно е децата постојано да бидат во природа!

20 мај 2019

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон неодамна работеше на еден интересен проект што вклучуваше изградба на дрвено катче во природа исполнето со многу цвеќиња и забавни игри за најмалите.

Целта на овој проект е децата да поминуваат што е можно повеќе време во природа, па токму тие беа и првите што уживаа во убавините на ова место на имотот на кралската болница во Челзи.

Изминатите неколку месеци Џорџ и Шарлот работеа заедно со нивната мајка на овој проект, собирајќи листови и гранки од дрвја, мов и разни реквизити за игралиштето да биде уште поинтересно.

На фотографиите објавени на профилот на палатата Кенсингтон, можеме да ги видиме Кејт, Вилијам, Џорџ, Шарлот и малиот Луис како се забавуваат во паркот и уживаат во прекрасната природа.

Во градината војвотката од Кембриџ не заборави да посади и некои од омилените цвеќиња на принцезата Дајана, како и некои од омилените овошки на децата.

По неделната забава со нивните три деца, таа денеска повторно ја посети градината со дечиња од неколку основни училишта, а се очекува и кралицата да дојде наскоро.

Погледнете как изгледа една вообичаена недела на кралското семејство.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
20 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
696 пати