Кејт Мидлтон постојано носи седум парчиња

14 март 2016

Стилот на Кејт Мидлтон често се коментира и анализира. Војвотката од Кембриџ важи за една од најдобро облечените дами во Англија, а всушност нејзината тајна се состои во неколку проверени парчиња.

Ако подобро забележите и го анализирате стилот на Мидлтон, ќе забележите дека таа ретко кога отстапува од веќе добропознатите нејзини комбинации.

Во продолжение ви ги презентираме седумте нејзини стилски тајни:

Капути со ремен

Ако се бара поголем вљубеник во ремените од Оливија Палермо, тоа дефинитивно би можела да биде Кејт Мидлтон. Широк ремен со украсна тока е нешто што со сигурност го обележува стилот на Војвотката од Кембриџ.

 

Ремен на сè

Всушност, ако се погледне подобро, Кејт става ремен речиси на сè – фустани, комплети, палта... Едноставно, Мидлтон е вљубеничка на истакнатиот струк. Дури и вториот фустан на венчавката имаше ремен.

 

Секогаш иста должина

Без оглед дали се работи за здолниште, капут, мантил, фустан, должината е секогаш иста – до колена. Без исклучок. Знаејќи дека тоа најдобро прилега на нејзината градба, а и правилата во кралството, Мидлтон за сега нема причина да го менува ова нејзино модно правило.

 

Фустани од тантела

Ако капутот или мантилот со ремен се некогаш премногу обични или класични, Кејт ги комбинира со фустан од тантела, со ¾ ракави, или долги.

 

Соодветни шапки

Шапките се дел од британската култура и наследство, така што не изненадува фактот што и Кејт често ги носи. Најчесто се во иста боја со комбинацијата што ја носи, а според досега прикажаното, изгледа ги има во сите бои.

 

Исти чевли

Кога Кејт првпат се појави во јавноста, многумина ја засакаа особено поради тоа што пренесува порака: „Принцезите се како нас, обични“. Во прилог на тоа оди и податокот дека таа често носи исти чевли, со пристојна потпетица. Пет години подоцна, Мидлтон сè уште ги носи нејзините омилени чизми, чевли на платформа и салонки.

 

Неочекувани комбинации

Кејт отсекогаш знаела да се појави и во нешто што знае многу да изненади. И тоа не на добар начин. Тоа не значи дека не е соодветно, но е неочекувано, па оттаму и реакцијата дека нешто не е во ред. На пример, цветниот розов фустан е една од тие изненадувачки“ креации, во кои можеби и не би сакале често да ја гледаме. 

Објавено:
14 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.718 пати