Кејт Мос ја советува помалата сестра да го прекине образованието

20 мај 2014

Кејт Мос и понудила на својата полусестра по добивањето на сертификат за средно образование да замине со неа во Њујорк и да започне со градење на манекенка кариера, која самата ја започнала на 14 годишна возраст.

Од друга страна, маќеата на Мос, Инга воопшто не е задоволна од понудата на манекенката особено поради фактот што Лоти и не се покажала најдобро на тестирањето, па морала да оди на дополнителни часови

Лоти Мос своето деби го оствари на 16-от роденден со потпишување на договор со модната агенција на нејзината сестра „Storm“, а потоа следеа едиторијалите за Dazed&Confused и US Vogue.

Исто така, интересно е да се знае дека таткото на Лоти, кој беше во брак со мајката на Кејт – Линда покажал интерес кон модното новинарство, па доколку ја реализира оваа идеја, тој дополнително ќе и помогне на ќерката во градењето на успешна кариера на модел.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Сцена