Кејт Мос ќе биде дел од уредничкиот тим на британски „Vogue“

18 октомври 2013

Од следната година Кејт Мос ќе биде дел од редакцискиот тим на  британскиот „Vogue“, во улога на моден уредник, што на некој начин е очекувано бидејќи оваа убавица рекорден број пати ја красела насловната страна на магазинот, често е присутна низ содржините и природно е поврзана со неговиот уредувачки тим.

 

 

„Јас сум пресреќна што Кејт ќе работи со нас. Нејзиниот неверојатен сенс за стил, широкото познавање на модниот свет и модата воопшто ќе донесе една револуција и вистинско освежување на страниците на списанието. Со нетрпение го очекуваме нејзиното присуство во канцелариите за да отпочнеме со работа на нови проекти и реализација на нови идеи“, изјави Александра Шулман која е главен и одговорен уредник на списанието.

Работата на Кејт во главно ќе се состои во избор на фотографии, едиторијали и модели кои треба да бидат објавени во списанието.

 

 

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Сцена