Кое е омилено парче облека на холивудските ѕвезди?

22 август 2013

Можеби знаевте, можеби претпоставувавте, а можеби и немате поим дека омиленото парче облека на дамите во Холивуд се токму култните фармерки. Тие буквално обожаваат да ги носат на себе, a еве што нив за вели Сара Џесика Паркер:

 

Сара Џесика Паркер

 

„Кога носам фармерки се чувствувам слободно, комфорно, можам да трчам со моите ќерки, кои верувајте  се прави ѓаволчиња. А од друга страна можам да ги комбинирам со чевли со високи потпетици и да се чувствувам елегантно и пристојно, а плус никогаш не излегуваат од мода“.

 

Џесика Бил

 

Како елегантно модно парче практикуваат да ги носат и Рис Витерспун и модната икона Оливија Палермо. Во комбинација на рок варијанта Џесика Бил и Аманда Сејфрид.  Жизел Бундшен, Хилари Даф, Џенифер Гарднер и Џесика Алба, пак не се делат од фармерките кога одат да ги прошетаат своите најмили. Искинати, во светло сина боја и во тричетврт варијанта се одличен избор за да се чувствуваат  младо,  модерно и кежуал. Софија Вергара ги обожава ѕвонестите модели, а Џени Гарт сака кога фармерките не се со класична сина нијанса и кога имаат принтови по нив. Ѕирнте ја галеријата и ќе видите дека и познатите знаат да понекогаш бидат обични едноставни диви.

 

Објавено:
22 август 2013
Категорија: 
Сцена