Кој стои зад креациите на Канје Вест?

24 октомври 2013

Концептуалните аутфити за неговата турнеја „Yeezus“ се дизајнирани од Мартин Марџела, па пејачот ја збогати колекцијата со 10 парчиња од висока мода и 20 парчиња ready to wear со екслузивен модел фармерки.

Најефективни од сите парчиња се токму четирите различни маски изработени од свилена газа и накитени со светкав декор кои Канје воопшто не ги вади за време на концертите. Слични модели маски модната куќа имаше во колекцијата за есен/зима 2013/14.

Објавено:
24 октомври 2013
Категорија: 
Сцена