Кралицата на поп музиката повторно шокира

2 декември 2014

За претстојните новогодишни и божиќни празници магазинот Interview лансираше два броја за месеците декември и јануари. Главна ѕвезда во нив е незаменливата Мадона, која е на три насловни страни од реномираниот магазин. Сликите се дело на фотографската двојка Мерт и Маркус, интервјуто го правеше Дејвид Блејн, а трите ковери се однесуваат на различни албуми, кој одбележаа одредена ера, односно за Re-Ivention, Confessions и Erotica. На сликањето 56 годишната пејачка носи парчиња од Живанши и Agent Provocateur и иако е долги години на музичката сцена, сепак се' уште знае да изненади, а во конкретниот случај со провокативните фотографии.

Мадона е позната по тоа што ги надминува поставените граници и кршејќи ги сите митови кои за многумина претставуваат табу теми. Во интервјуто за магазинот, пејачката отворено зборува за своето искуство со користењето на дрога, но и за топлес фотографиите во минатото. Според неа, луѓето користат дрога „за да се поврзат со Бога на повисоко ниво“, но нејзиното спиритуално поврзување завршува во истиот момент кога ја фаќа паника за дрогата која ја конзумирала и пиењето на големи количини вода, за да го надмине нивното дејствување. Кралицата на поп музиката исто така кажува за својата фобија од смртта – „Опседната сум со смртта. Бидејќи не знам кога ќе дојде моето време, сметам дека е потребно да искористам се' што ми допушта животот“.

Провокативноста не е новитет за Мадона, па многу пати претходно знаела да ја истакне сексуалноста токму преку шокантни фотографии. Првата таква фотосесија ја направи на 18 години, а подоцна фотографиите беа дел од судски спор помеѓу магазините Пентхаус и Плејбој.

Според Мадона, секој музичар и артист е неопходно да помине низ различни фази кои ќе бидат процес во градење на личноста, но и за нови успеси во иднина. –

„Доколку сте извалкани или покриени со прашина, потребно е тоа да го тргнете од вас и да се насочите кон нови идеи и проекти“. За крај, Мадона не би била тоа  што е доколку повторно не шокира со одредена изјава. На прашањето на Дејвид Блејн, која е најважната професија во светот, пејачката кратко одговорила – „Проституцијата, се разбира!“

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Сцена