Кратко интервју со милинерот Стивен Џонс

23 јуни 2014

Обична шапка или софистициран модел?

Денес дефинитивно поедноставна! Софистицираните шапки се наменети како додаток комплетиран особено за вечерна комбинација, дополнета со декоративни елементи.

Уживање во домашна атмосфера или вечер за излегување?

Бидејќи морам да го фатам првиот воз за Париз во 3 часот и 30 минути наутро, вечерва ќе останам во домашна атмосфера.

Што прво направивте кога станавте наутро?

Сфатив дека немав одберено правилна вратоврска за комбинацијата, па на креветот ги ставив сите 200 вратоврски кои ги поседувам и го одбрав моделот Comme des Garcons, стар 20 години.

Кој филм го гледавте последен пат?

Последен пат го гледав „Животот на Пи“ додека се враќав од службен пат од Шангај,но заспав кратко по прикажувањето. Скоро сите нови филмови ги имам гледано, односно нивните почетоци, по пет минути од прикажувањето веднаш заспивам.

Што последно имате купено?

Последно купив маица во морнарско сина нијанса со бели кругови од French Connection .

Какво совет би им дале на тинејџерите?

Бидете храбри и следете ги соништата.

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Сцена