Моделот Криси Тиген ги собра симпатиите на јавноста кога за првпат јавно проговори за постпородилната депресија со која се соочувала.
Дури и тие што дотогаш не ја следеле или сакаа, го почитуваа овој гест и признание дека и таа е само една обична жена.
Сега пак, 31-годишната Тиген ги изненади сите со вистината за нејзиното лице.
-Сè на моето лице е лажно, освен јаболчниците. Усните, носот, челото – сè е лажно – призна моделот на неодамнешната промоција на нејзината декоративна козметика, на која присуствуваа голем број познати личности и уредници.
Исто така, таа откри дека честопати добивала комплименти за јаболчниците, но и коментари дека ставила импланти во нив, но вистината е сосема спротивна.
Покрај лицето, таа отки и дека пред девет години се подвргнала на неколку интервенции, а на прашањето која е најлудата операција што ја направила, ќе каже:
-Правев липосукција под пазувите. Тоа беше строга тајна, но сега ми е гајле, поминаа повеќе од девет години. Процедурата е таква што ви се додаваат пет сантиметри во должина на рацете, после што имав поголема самодоверба кога носев парчиња без ракави. Признавам, тоа е една од најглупавите, бидејќи ефектот не е перманентен. После некое време, повторно сè се враќа на старо и мора да одите на нова липосукција. Но, мене тоа ме направи среќна и не жалам за ништо што сум направила – раскажува моделот за светските медиуми.
Освен тоа, моделот со норвешко и тајландско потекло, кажа дека ги зголемила градите, што е очигледно, како и дека интервенирала во изгледот на забите.
-За да имам поубави заби, ги истругав и личеа на мали мини од молив, што е малку чудно ако се обидете да мислите или да го визуализирате тоа. Бев фамозен забо-брусач, па сите мои предни заби станаа за неколку милиметри пократки - објаснува сопругата на Џон Леџенд.