Кристијан Лакроа дизајнираше нови костими за Париската опера

9 април 2014

Новиот ангажман на францускиот куториер Кристијан Лакроа за Париската опера се однесува на дизајнирање на костими за балетската претстава „Le Palais de Cristal“ која ќе ја изведе балетската група „George Balanchine“ именувана според познатиот руски кореограф.

Оваа балетска група која за прв пат настапува на сцената на Париската опера во 1947 година, се враќа со свој перформанс во мај за кој токму Лакроа се потпишува како костимограф.

Познатиот куториер соработува со Париската опера од доцните 80-ти години, а како костимограф се потпишува на четири проекти реализирани во рамките на оваа национална куќа.

 

Објавено:
9 април 2014
Категорија: 
Сцена