Прекрасната манекенка и сопруга на познатиот водител и актер Тарик Филиповиќ, Лејла, постојано освојува со впечатливите и тренди стајлинзи што често ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.
Тоа беше случај и со една од последните комбинации во кои можевме да ја видиме, а се работи за прекрасен цветен фустан со должина до под колената и шармантен V израз во пределот на деколтето.
View this post on Instagram
Фустанот неодоливо потсетуваше на оној во кој Кејт Мидлтон се појави неодамна, а е одлично парче за последните летни денови пред да пристигне студената зима кога не можеме многу да експериментираме.
Шармантниот фустан Лејла го комбинираше со нежно розово венче како ултимативен хит за сезоната што доаѓа, сандали во бела нијанса и соодветна чанта во розова боја.
Токму ваквите фустани се нешто што совршено одговара за овие последни летни денови, а истите секако можете да ги надополните и со палто или чизми во студените есенски денови што се пред нас.
Инаку, Лејла и Тарик неодамна се вратија од Торонто каде актерот ја промовираше неговата нова претстава, а воедно го искористија времето да посетат некои од најатрактивните знаменитости.
Инфо: Tportal.hr
Фото: Lejla Filipovic/Instagram