„Манескин“ на Коачела: Контроверзен настап со песна од Бритни Спирс и порака за Украина и Путин

20 април 2022

Минатогодишните победници на „Евровизија“, членовите на групата „Манескин“ настапија на годинашното издание на фестивалот „Коачела“.

Нивниот настап во медиумите беше опишан како контроверзен.

На сцената се појавија во долна облека од латекс и кожа и синџири, дизајн на модната куќа „Гучи“, чии заштитни лица се, пренесувајќи ѝ на публиката динамична атмосфера. Различни беа коментарите на нивниот изглед. И покрај тоа што се обожувани поради музиката која ја создаваат, дел од публиката смета дека нивните костими се екстремни и со премногу сексуална конотација. Другиот дел пак смета дека се фантастични и „ослободувачки“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

 

Покрај своите хитови, присутните имаа можност премиерно да ја слушнат нивната обработка на познатиот хит на Бритни Спирс „Womаnizer“, која наиде на одлични реакции од публиката.

„Ние ја сакаме Бритни Спирс“, порача Дамиано Давид.

Некои сметаат дека е и подобра од оригиналот и дека оваа нивна преработка ѝ дала на песната втор живот. Сè уште ја нема реакцијата на Спирс на обработката.

Она за што исто така се зборува, а врзано за нивниот настап е отворената поддршка која ѝ ја дадоа на Украина.

„Слобода за Украина, fu*k Путин. Благодариме што дојдовте. Ова беа Манескин, уживајте во остатокот од вечерта“, порача на крај фронтменот на групата.

Објавено:
20 април 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
399 пати