Марвел преговара: Кијану Ривс и Анџелина Џоли заедно на филм?

3 јуни 2019

Од светот на шоу-бизнисот пристигнува веста дека „Марвел“ ги започнал преговорите со Кијану Ривс, за да ја толкува главната улога во новото остварување „The Eternals“. 

Премиерата на остварувањето се очекува во 2020 година, а главната женска улога ѝ припаѓа на Анџелина Џоли. 

Доколку прифати, ова би било првпат да се појави во некој филм на Марвел. Неговото единствено искуство е во 2005 година, кога беше дел од филмот „Constantine“. Исто така, обожавателите навиваат да го видат покрај Џоли на големото платно, особено по гласините од пред година-две дека се забавуваат, па дури постоеја тврдења дека се видени заедно на грчки остров, но ниту еден од нив не го потврди или демантираше тоа.

Инаку, актерот во моментов е актуелен со третото продолжение на Џон Вик, „John Wick: Chapter 3 = Parabellum“. Премиерата се случи на 17 мај, а досега има остварено заработка од повеќе од 220 милиони долари, а исто така се појавува и во филмот на „Нетфликс“, „Always Be My Maybe“.

Објавено:
3 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.139 пати